Дали знаете колку чини најскапиот лек во светот?

- Advertisement -


Американските регулатори го одобрија пуштањето во продажба најскапиот лек во светот во мај годинава. Лекот се зема само еднаш, а цената не е ни малку пристапна. Само една доза од лекот „золгенсма“ (Zolgensma) на швајцарската фармацевтска компанија Novartis чини 2,1 милион долари, поради што е најскапото медицинско средство во светот.

Благодарение на новиот лек за рбетна мускулна атрофија „зогленсма“, швајцарската фармацевтска компанија забележала значително подобри резултати во третото тримесечја годинава. Вкупните приходи на Novartis во тој период пораснале за 10% на 12,2 милијарди долари. Во периодот од јули до септември лекот генерирал приходи од 160 милиони долари.

- Advertisement -

Лекот постигна успех на пазарот во САД, но уште чека на одобрување од регулаторите во Европската унија и во Јапонија.

Сподели!
- Advertisement -