Меркел сака да изгради милион станици за полнење на електрични автомобили во Германија

- Advertisement -

На патот на германската визија за целосна независност од фосилните горива за десетина години отсега стои една препрека – немањето доволно станици за полнење, кои се релативно ретко и премногу оддалечени една од друга. Канцеларката Ангела Меркел објави дека германската влада сака 1 милион станици за полнење во земјата до 2030 година. Со оглед на тоа дека моментално во Германија има околу 20.000 станици за полнење, тоа значи дека до 2030 година треба да се изградат дури 980.000.

Германската канцеларка нагласи дека во тој амбициозен план мора да учествува индустријата за електрични автомобили, што значои дека производителите мора да издвојуваат одредени суми пари за градење на станиците, иако уште не е прецизирано дали тоа ќе им се наплатува преку посебно даноци и придонеси.

- Advertisement -

Оваа изјава доаѓа во пресрет на четвртиот состанок на германската влада со индустријата, на кој ќе се дискутира за начинот на кој двете страни можат да ја забрзаат транзицијата кон елктрични патнички возила.

Колку и да изгледа амбициозен овој план, може да се оствари затоа што германските производители на ењектрични автомобили веќе и самите градат станици за полнење и пројавуваат интерес за учество во изградбата на големи мрежи од станици за да се зголеми продажбата на електрични автомобили.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -