Ширум Европската унија жените заработуваат просечно 16% помалку од мажите, покажуваат најновите податоци. Разликата во просечните плати меѓу мажите и жените во Европската унија значи дека од 4 ноември до крајот на годината ќе работат бесплатно, предупреди Европската комисија.
Таканаречената рамноправност во платите служи за да се укаже на фактот дека жените и понатаму заработуваат помалку од мажите на истите работни места. Сепак, бројките годинава се за 0,2% помала во однос на претходната година.
„Пред 60 години принципите за рамноправноста на платите беа впишани во европските договори и се уште жените ширум Европа не гледаат усогласеност на секојдневниот живот со законите. Иако направивме некои чекори во вистински правец во изминатите пет години, мора да се направи повеќе и што побрзо. Нашите граѓани од нас очекуваат да се потрудиме повеќе“ се вели во соопштението од Европската комисија.
Новоименуваната претседателка на Комисијата, Урсул фон дер Лејен, која ќе биде првата жена на чело на владата на ЕУ, вети закон за транспаретноста на платите во првите сто дена од својот мандат.
Заедно со новите правила на ЕУ, кои на мажите и жените во ЕУ им олеснуваат рамноправна поделба на одговорностите за одгледување деца, треба да се искорени јазот во платите меѓу половите. фон дер Лејен состави тим од комесари со рамноправна застапеност на мажите и жените во Комисијата, но тројца нејзини кандидати ја одбија и сега веројатно нема да се постигне родова рамноправност во Европската комисија.