Со швајцарска поддршка ФИТР ќе обезбеди посовремени услови за бизнис за младите

- Advertisement -

Фонд за иновации и технолошки развој и Швајцарската програма за претприемништво (Swiss Entrepreneurship Programme – Swiss EP) на швајцарската амбасада во Северна Македонија денеска потпишаа меморандум за соработка чија цел е поддрка за развој на иновативноста и претприемништвото во земјата.

- Advertisement -

Засилување на соработката помеѓу институциите и претприемачите, како и индивидуална поддршка за надградба на институционалните капацитети се главните аспекти на овој договор кои ќе се имлементираат преку низа активности како  менторска поддршка од експерти, обука за подготовка на бизнис модели и комуникациски стратегии, обезбедување поддршка за бизнис ангели и инвеститори, како и воспоставување на систем за следење на напредокот на компаниите кои работат на иновативни проекти.

Јован Деспотовски, директорот на ФИТР ја истакна соработката со швајцарската амбасада како клучна за подобрување на претприемачкиот екосистем во државата.

- Advertisement -

„Поинтензивно работиме на отворање можности за домашните стартап компании да научат од искуствата на млади, но веќе искусни претприемачи од западните земји. И со овој проект, условите и начинот за развивање сопствен бизнис што се нудат во развиените земји сега се достапни и за младите луѓе во нашата земја. Огромна благодарност и до амбасадата на Швајцарија за континуираната поддршка во изминатиот период“ посочи Деспотовски.

Заменик шефот на амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Штефан Томагијан најави продолжување на соработката и конкретна поддршка.

- Advertisement -

„Пред четири години кога ја стартувавме програмата нивото на поддршка беше доста помало, додека сега со вклучувањето на ФИТР подршката за домашниот екосистем е значително поголема. Очекуваме од наша страна оваа соработка да продолжи за што обезбедуваме конкретна поддршка преку Swiss EP,” нагласи Томагијан.

Менаџерот за Западен Балкан на оваа програма, Џејкоб Модерер, истакна дека Фондот за иновации е вистински посветен партнер во развојот на претприемништвото во државата, без чиј активен придонес стопанството во Северна Македонија нема да биде на ова ниво на коешто е денес.

„Нашата главна цел е да ги поддржиме младите претприемачи. До сега овде инвестиравме околу 40 милиони швајцарски франци и обучивме над 800 претпиемачи и инвеститори. Успеавме да придонесеме за промена на менталитетот во екосистемот и луѓето овде почнаа да размислуваат глобално и како да ги пласираат своите производи. Деспотовски и тимот на ФИТР имаат голема улога во ова и им симнувам капа за она што го прават. И до сега имавме одлична соработка со Фондот која ќе продолжи и во иднина, “ рече Модер. Швајцарската програма за претприемништво се спроведува во седум земји во Западен Балкан и тоа, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија, со поддршка на швајцарската амбасада и агенцијата Свис Контакт (Swiss Contact).

Денес Швајцарија е еден од најголемите билатерални партнери на Северна Македонија. Со новата Швајцарска стратегија за соработка 2017 – 2020, предвидени се финансиски обврски во висина од 76 милиони швајцарски франци за Северна Македонија.

Сподели!
- Advertisement -