Кредити на Прокредит банка и ЕБОР за енергетска ефикасност со можност за грант до 20%

- Advertisement -

Со поддршка од 1 милион евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Прокредит банка АД Скопје почна со понуда на кредити за поттикнување на зелени инвестиции и енергетска ефикасност во домаќинствата преку ГЕФ (GEFF) програмата.

Кредитите се наменети за граѓани и здруженија за домување кои планираат инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти како што се: инвестиции во нови топлотни или геотермални пумпи, купување на печки/котели на гас или биомаса, прозорци, инсталација на соларни панели, изолација на ѕидови, покрив или подови, инвестиции во колектори за топла вода и слично. Овие инвестиции ќе придонесат за намалување на трошоците за потрошувачка на енергија и ќе ја зголемат удобноста на живот на домаќинствата.

- Advertisement -

Финансирањето на ЕБОР е под ГРФ (GEFF) програмата за поддршка за зелена енергија  кои ја одобруваат зелената технологија која придонесува за подобра животна средина. ГЕФ во Западен Балкан е дел од интернационалната GEFF програма  за финансирање на зелената економија на Европската банка за обнова и развој која обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата со цел намалување на емисијата на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина и подобрување на квалитетот на живеење.

Со кредитите поддржани преку ГЕФ програмата, граѓаните остваруваат право за апликација за грант дури до 20% од вкупниот износ на инвестицијата. Сите заинтересирани граѓани кои го реновираат својот дом или градат нова куќа може да одберат некои од 4.000 производи кои се на располагање преку Селекторот на технологија и онлајн каталогот на сите одобрени технологии.

Сподели!
- Advertisement -