Ова е единственото место на Земјата каде што не може да се развие живот

- Advertisement -

Француски научници открија во какви услови не може да се развие органски живот на Земјата, а за да го откријат тоа се упатија во врелите извори Далол во етиопската депресија Данакил, едно од местата на Земјата со најневеројатни услови за живот.

Тие врели извори се сметаат за најтополото населено место во светот, а се уникатни не само поради големата топлина. Целиот предел е исполнет со мали езера и извори со исклучително кисeла и солена вода, која заедно со околното тло создава прекрасна палета на бои – зелена, жолта, портокалова и кафеава. Иако на прв поглед изгледа интригантно и на некој начин вонземско, целиот регион е негостољубив и воздухот е токсичен поради вулканот кој се крие под егзотичните езера.

- Advertisement -

Поради екстремните услови овој предел отсекогаш ги фасцинирал научниците, а една од експедициите во 2016 година отишла да види дали таму може да се развие живот или не.

Тоа е едно одушевувачко, но непријателско место. Воздухот исполнет со хлор ни ги изгоре воздушните канали. Ако овде постои каков било микроорганизам, мора да бидат екстремофилни микроби кои би биле многу интересни за стробиолозите“ изјавиле од експедицијата.

- Advertisement -

Тимот во заклучокот од остражувањето навел дека ги пронашле првите докази за постоење живот во врелите, кисели извори, и тоа ултрамали микроорганизми, големи само еден нанометар. Меѓутоа, новата студија која неодамна ја спроведоа француските научници го оспорува ова откритие и присуството на прабактерии.

„Ги негираме тврдењата за постоење живот во полиекстремните извори Далол. Дали има живот во овие базени? Ние тврдиме дека нема и тоа врз основа на комбинирани молекуларни и микроскопски техники“, наведуваат од францускиот тим.

- Advertisement -

Во нивното истражување, кое пред неколку дена беше објавено во списанието Nature Ecology & Evolution, тимот користел голем број аналитички методи, како и бројни примероци земени од четири зони во рамките на геотермалните извори Далол. И покрај тоа што откриле присуство на археја или прабактерии, француските научници тврдат дека тоа не се автохтони микроорганизми.

Најголем дел од микроорганизмите веќе се добро познати и потекнуваат од нашата теренска или лабораториска опрема, додека остатокот од трагите од бактериски генетски секвенци е донесен оддалеку и потекнува од бројните туристички посети“, се вели во истражувањто. Тие идентификувале две физиохемиски бариери кои го спречуваат настанувањето живот во течната вода. Едната од нив е магнезиумот, кој е многу доминантен во растворите во езерата и предизвикува разложување на клетките, а другата е токсичното ниво на хиперкисела и хиперсолена комбинација.

Сподели!
- Advertisement -