Џогирајте еднаш неделно ако сакате да живеете подолго

- Advertisement -

Џогирањето еднаш неделно може да ви помогне да живеете подолго. Притоа, не е битно колку брзо трчате или колку почесто од еднаш неделно. Педесет минути трчање неделно го намалува ризикот од прерана смрт за 27% споредено со некој што долго време работи во седечка позиција и не џогира.

Истражувачите анализирале податоци од 230.000 учесници во истражувањето. Тие го следеле нивното здравје во период од 5 до 35 години. Откриле дека џогирањето го намалува ризикот од појава на канцер за 23%, а ризикот од срцеви заболувања за 30%. Џогирањето го намалува и ризикот од појава на дијабетес и гојазност.

- Advertisement -

Во некои случаи, пак, претераното трчање може да доведе до повреди поради претеран стрес на некои делови од телото без да се дозволи доволно време за закрепнување. Затоа, се советува да не се прават нагли промени во темпото на трчање или во времетраењето.

Но, во секој случај, бенефитите од трчањето се далеку поголеми од ризиците.

One jog a week can help you live longer

Run for your life.📕 Read more: https://wef.ch/2WK5YIg

Posted by World Economic Forum on Вторник, 05 ноември 2019
Сподели!
- Advertisement -