Со денови на Интернет кружат информации за новиот телефон на Xiaomi, кој има дури пет камери од задната страна, а денес кинеската компанија и официјално го претстави моделот Mi CC9 Pro. Станува збор за атрактивен уред со 6,47-инчен АМОЛЕД екран закривен на рабовите со Full HD+ и слефи камера со резолуција од 32 мегапиксели. Во екранот е вграден и сензор за отпечаток, па доволно е да се постави прстот на одреден дел од екранот за да се отклучи телефонот.
Телефонот има процесор Snapdragon 730G, што значи го нема најмоќниот хардвер, но за повеќето мобилни операции и тоа е повеќе од доволно. Капациетот на батеријата е 5260 mAh и поддржува 30 W полнење, така што батеријата може да се наполни до 58% за половина час, а 100% за еден час и 5 минути, тврдат од кинеската компанија.
Но, најбитно кај најновиот телефон на Xiaomi се камерите. Телефонот има дури пет камери од задната страна, вклучувајќи и сензор со резолуција од импресивни 108 MP, ултрапирока камера со 20 MP, сензор за снимање макрофотографии и два телефото сензори од 12 и 8 MP со 2х и 5х зум. .
Цената на основната верзија со 6 GB меморија и 128 GB простор за зкладирање податоци е околу 400 долари, моделот со 8 GB ќе чини околу 440 долари, додека Premium Edition (8 GB и 256 GB) ќе се продава за околу 500 долари.