Повик за средношколци и основци на работилница за темната страна на дигиталната технологија

- Advertisement -

Злоупотребата на дигиталните уреди, како компјутери, мобилни телефони, конзоли за видеоигри и преносни уреди, ќе биде тема на дискусијата што вo сабота (9 ноември) во 12 часот ќе се одржи пред проекцијата на филмот „Хакер“ во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на 18. фестивал за европски филм „Синедејс“.

Бројот на учесници е ограничен па затоа доколку сакате да бидете дел од оваа работилница и да ја проследите проекцијата на филмот „Хакер“ ќе треба да се пријавите на следниот линк –  ПРИЈАВА ЗА РАБОТИЛНИЦА.  Крајниот рок за пријавување е 8 ноември 2019 (петок).

- Advertisement -

Работилницата е под менторство на Петар Котевски од Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА. На работилницата посебно внимание ќе се посвети на најчестите форми на злоупотреба на интернет и темната страна на дигиталната технологија, а ќе бидат отворени прашањата за насилство, ризик и потенцијална опасност на интернет и дигитални медиуми; зависност од интернет и дигитална технологија и виртуелна зависност.

После работилницата ќе се одржи проекција на данскиот тинејџерски филм „Хакер“ во режија на Пол Берг во киното „Фросина“. Филмот раскажува за 13-годишниот талентиран хакер Бенјамин, кој открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа пред години, како што му било кажано. Трагата посочува кон високи службеници во Данската тајна служба, па Бенјамин заедно со неговата нова другарка Савана тргнува на стресна потрага да ја дознае вистината за исчезнувањето на неговата мајка.

- Advertisement -

Настанот е дел од проектот „Видеоигротека“ во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ Скопје, а поддржан од Министерството за култура во рамките на „Нов културен бран“.

Сподели!
- Advertisement -