10.9 C
Skopje
четврток, ноември 21, 2019

LG прави телевизор кој ќе се склопува како мапа

Kabtel desktop

За многумина телевизорите се предмети кои не би сакале да се на отворено и да се гледаат постојано во домот. Токму затоа за нив новиот производ на кој работи LG ќе биде како одговор на молитвите. Имено, јужнокорејската компанија развива телевизори кои ќе може да се сокријат така што ќе се склопат како мапи и нема да заземаат простор.

LG го престави својот телевизор кој се витка во ролна на саемот за електроника CES во Лас Вегас на почетокот на годинава, но се чини дека та нивна иновација наскоро ќе стане застарена. LG Electronics поднесе барање за патент за телевизор со флексибилен екран.

Според патентот, новиот телевизор ќе може да се склопува на неколку пати како мапа. Правоаголните рамки на двете страни на телевизорот служат како држачи, но и како звучници.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •