Наместо непријатниот ПАП, во иднина канцер на матка ќе се детектира со домашен тест за урина

- Advertisement -

Земањето брисеви од матката, кое е непријатно за жените, наскоро може да стане минато благодарение на едно откритие кое ќе им овозможи на жените сами да се тестираат за канцер без да одат на доктор.

Истражувачите велат дека едноставен тест за урина во домашни услови наскоро ќе биде попожелна варијанта за утврдување на присуство на канцерогени клетки. Тестот ќе ја идентификува промената во ДНК предизвикана од хуман папилома вирусот, кој во 99% од случаите е предизвикувач на канцер на матка и може да се пренесе преку сексуален однос.

- Advertisement -

Жените ќе можат лесно да се тестираат во удобноста на сопствениот дом и ќе се зголеми процентот на жени кои се тестираат. Истражувачите се надеваат дека со развојот на новите тестови, на кои работат истражувачи од Универзитетот на кралицата Мери во Лондон, ќе го намали бројот на жени кои се жртви на оваа болест затоа што не се тестирале навреме.

Сподели!
- Advertisement -