Овие ќе бидат најбитните градови во светот во 2035 година

- Advertisement -

Градовите се моторот на модерната економија. Речиси половина од популацијата во светот денес живее во урбани средини, а урбанизацијата продолжува да ја определува траекторијата на глобалниот развој на досега невиден начин.

Сепак, најбитните градови во светот денес можеби нема да бидат исти со тие после 10 или 20 години. Според еден извештај на Oxford Economics, аналитичарите определиле топ 10 градови кои ќе бидат најбитни во 2035 година според големината на економијата, популацијата и растот на БДП.

- Advertisement -

Топ 10-те градови според стапката на раст на БДП во 2035 година ќе бидат раштркани по целиот свет. Се предвидува дека три од тие топ 10 ќе бидат од САД – Њујорк, Лос Анџелес и Чикаго. Четири градови ќе бидат во Кина, додека Лондон, Париз и Токио ќе ја заокружат првата десетка. Заедно тие 10 градови ќе имаат БДП од импресивни 13,5 трилиони долари во 2035 година.

Редоследот ќе биде следниот:

10. Шенжен

- Advertisement -

9. Гуангжу

8. Чикаго, Париз

- Advertisement -

7. Пекинг

6. Шангај

5. Лондон

4. Лос Анџелес

3. Париз

2. Токио и

1. Њујорк

Според популацијата, пак, исто се очекува глобална распределба на топ градовите, До 2035 година најнаселените градови ќе се префрлат на Истокот, а дури седум такви градови ќе се наоѓаат во Азија.

Се очекува дека Џакарта ќе избие на прво место со популација од 38 милиони жители, но овој град нема долго време да ја задржи челната позиција. Покачувањето на нивото на морињата и океаните и лошото менаџирање со инфраструктурата ќе придонесат за Џакарта забрзано да тоне, а владата сега планира да го префрли главниот град на островот Борнео.

На африканскиот континент Киншаса и Лагос се меѓу најголемите мегаградови во светот со по над 10 милиони жители и ќе ги задржат позициите на врвот до крајот на векот.

Редоследот на топ 10 најголеми градови во 2035 година ќе биде следниот.

10. Мумбаи

9. Мексико

8. Лагос

7. Киншаса,

6. Карачи

5. Шангај

4. Дака

3. Чонгкинг

2. Токио и

  1. Џакарта
Сподели!
- Advertisement -