Илон Маск успешно лансираше уште 60 сателити за вселенски интернет

- Advertisement -

Американската приватна технолошка компанија SpaceX, на чие чело стои најпознатиот иноватор на денешницата, Илон Маск, во вселената лансираше уште 60 сателити кои ќе овозможат супербрза интернет врска за корисниците од целиот свет.

Ракетата Falcon 9 беше лансирана од Кејп Канаверал, Флорида, да ги однесе сателитите во ниската Земјина орбита. Целта на мисијата, која е чтврта по ред, е да постави соѕвездие од сателити. Првите сателити беа лансирани на 24 мај годинава.

- Advertisement -

Компанијата на Маск планира да постави речиси 12.000 сателити на во рамките на проектот Starlink. Таа бројка може да се искачи и до 40.000 сателити, кои по истекот на векот на траење ќе изгорат во Земјината орбита.

Starlink треба да овозможи Интернет за голем дел од популацијата во светот која уште не е онлајн, особено во руралните сердини, а истовремено остатокот од населението кое не е задоволно од своите интернет провајдери ќе добие поконкурентна алтернатива.

- Advertisement -

Секој од сателитите тежи по околу 200 кг, а со оглед на тоа дека се поставени на околу 2.000 км од Земјата, можните застои или прекини во интернет мрежата се сведуваат на минимум. SpaceX ќе почне да ја нуди интернет услугата Starlink во 2020 година за корисници од САД и од Канада, а глобалната услуга ќе стартува после 24 вакви мисии.

Сподели!
- Advertisement -