Премиерата на првиот електричен Lexus ќе биде во Кина

- Advertisement -

Премиум брендот Lexus веќе ја подготвува премиерата на својот прв електричен автомобил, а тој првпат пред јавноста ќе се појави на саемот во кинескиот град Гвангжу.

Јапонците засега не објавуваат конкретни детали поврзани со овој модел, но шпекулациите се дека се работи за електрична верзија на кросоверот UX, кој инаку е најнов член на Lexus семејството.

- Advertisement -

Првично продажбата ќе започне во Кина, но производителот најавува дека електричните модели ќе бидат адаптирани и за европските купувачи, што оди во насока на најавите на Lexus и Toyota дека до 2021 година ќе имаат три електро-мобили на пазарот.

Она што е сигурно е дека првиот електричен модел нема да биде базиран на концептот LF-30, кој неодамна беше претставен на Саемот во Токио и чија изведба за сериско производство е планирана за 2022 година.

- Advertisement -

(www.autofocus.mk)

Сподели!
- Advertisement -