Секоја година постојат се поголеми шанси за изумирање на човештвото, предупредуваат научниците

- Advertisement -

Секоја година има поголема шанса за изумирање на луѓето отколку претходната и поголеми шанси за истребување отколку да не удри гром или да не касне ајкула, открива новата здравствена студија. Пoточно, авторите на тоа истражување пресметале дека шансите да исчезне човечкиот род по природен пат во која било година отсега натаму се 1:14.000.

Многумина ќе помислат дека тоа не се големи шанси, но ако го споредиме тоа со шансите да не удри гром или да не касне ајкула, ова мислење многу брзо ќе го снема. Имено, шансата да ве удри гром изнесува 1:700.000, шансата да ве касне ајкула е 1:650.000, a шансата да излеземе на состанок со супермодел е уште помала и изнесува 1:880.000. Веројатно не треба ни да ги споменуваме наградните игри, затоа што тука шансите се 1 наспрема десетици или стотици милиони.

- Advertisement -

Ова истражување го направиле научници од Универзитетот Оксфорд, а целта била токму тоа – да се пресметаат шансите за изумирање на човечкиот вид по природен пат, вклучувајќи и удар од астероид или ерупција на супервулкан. Тимот од научници се осврнал на речиси 200.000 години постоење на човекот на Земјата за да пресметаат колкава е шансата, на пример, идната година да не снема како жив вид.

Сега знаеме дека дури и ако не направиме ништо што би ни наштетило, постојат навистина реални шанси да изумреме по природен пат. Сепак, утеха треба да најдеме во тоа дека навистина треба да поработиме на тоа да не и помогнеме на природата во природната селекција.

Сподели!
- Advertisement -