Mercator ја отвора првата паметна продавница без вработени

- Advertisement -

Најголемиот трговец во регионот, кој може да се пофали со најголем досег до купувачите со својата картичка за лојалност (1,8 милиони), на скоро ќе може да се пофали со првата паметна продавница или т.н. pop up продавница по примерот на големите светски трговски синџири како Tesco, Sainsbury’s, Carrefour, Walmart…

„Развиваме возбудливи решенија. Следејќи ги моделите од соседството наскоро ќе ја поставиме првата тест pop-up продавница, каде што ќе може да се купува без присуство од продавачите. Ова е мобилна продавница за минувачите и за сите кои сакаат нови искуство во купувањето: надзор на влезот-излезот, електронски ценовник, каси за самопослужување и плаќање со картички, виртуелен асистент за помош при купувањето и слично“ велат од Mercator.

- Advertisement -

Mercator претходно воспостави мрежа од tik tak каси, каде што купувачите можат сами да ја скенираат и да ја платат робата или услугата, односно само послужувачки каси каде што купувачите сами плаќаат со картички. Истовремено, компанијата е единствениот трговец во Словенија кој има сопствен M-pay мобилен паричник, кој ги вклучува сите предности на Pika картичката, но и едноставен преглед на купувањето.

Сподели!
- Advertisement -