НАСА ќе отвора хотел за роботи во вселената

- Advertisement -

НАСА се подготвува за лансирање на нов товар на Меѓународната вселенска станица неделава. Оттаму најавија дека неделава на станицата ќе се ориклучи хотел за роботи. Секако, не станува збор за класичен хотел туку за еден вид гража каде што ќе се чуваат роботите додека чекаат да им се даде задача.

Првите двајца „гости“ во хотелот ќе бидат роботите Robotic External Leak. Станува збор за уреди задолжени за барање на потенцијални пукнатинит на вселенската станица. Нивното преместување по посебен простор дефинитивно ќе ги израдува астронаутите, кои ќе имаат повеќе простор внатре во станицата и повеќе место за движење и истражување.

- Advertisement -

Во новата гража роботите ќе бидат заштитени од вселенската радијација, а сместувањето во посебен простор ќе го забрза и ќе го олесни процесот на подготвока и активирање на роботите за надворешна употреба. Сега се потребни повеќе часа калибрирање на роботите за надворешните услови, а кога ќе бидат во гаража роботската рака Dextre ќе може лесно да ги земе и да ги испрати на работа.

Сподели!
- Advertisement -