Прв меѓународен настан за вмрежување на компании од енергетската ефикасност на 4ти декември во Скопје

- Advertisement -

Enterprise Europe Network во Македонија ги поканува сите компании и организации кои работат на полето на енергетската ефикасност да земат учество на првиот настан за вмрежување со компании од поширокиот регион кој ќе се одржи на 4ти декември во хотел Александар Палас во Скопје.

Настанот за вмрежување е дел од меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода „RENEXPO®“ кој ќе се одржи на 3ти и 4ти декември во хотел Александар Палас во Скопје. Во рамки на саемот ќе се одржат повеќе тркалезни маси на теми поврзани со енергетската ефикасност, ќе бидат изложени иновативни решенија на компании од секторот и ќе бидат организирани б2б средби за вмрежување на компании. Повеќе информации за саемот се достапни на веб страната http://www.renexpo-nmk.com/mk/home-mk/

- Advertisement -

Се повикуваат сите заинтересирани компании кои сакаат да учествуваат на б2б средбите да се регистрираат на веб страната http://match4energywastewater.talkb2b.net, каде ќе можат да отворат сопствен профил и да закажуваат состаноци со компании за потенцијална од Србија, Австрија, Италија, Хрватска, Чешка и Грција.

Сподели!
- Advertisement -