Повик за акција – UNSMOKE your world

- Advertisement -

UNSMOKE your world, кампања која претставува повик за акција за сите пушачи, непушачи, регулатори и сите вклучени страни за подобра иднина за 1,1 милијарда пушачи, нивните семејства, пријатели и околината. Ова беше основната порака на претставникот на Филип Морис Интернешнал испратена на Самитот Македонија 2025.

„Пред 5 години го лансиравме првиот производ без чад, производ базиран на навистина сериозна наука и технологија, производ кој навистина има потенцијал да направи разлика во светот, на подобро. Оваа кампања е всушност логично продолжение на обидот за пушачите, секако и непушачите кои се во непосредна близина, но и сите други, луѓе кои работат во јавното здравство, регулатори, да бидат на една  иста страна, да бидат дел од идејата дека иднината без чад е сосема можна и дека не мора да се постигне само преку старата парадигма што е: Не започнувајте или престанете да пушите. Ние во Филип Морис велиме – Ако не пушите, не започнувајте; ако пушите, откажете се; ако не се откажете, променете. Промената треба да се направи денес, кога имаме можност за алтернатива”, изјави Иван Милетиќ, директор за екстерни прашања за Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал.

- Advertisement -

Филип Морис Интернешнал, заедно со повеќе од 400-ина менаџери, претприемачи, членови на академијата, дипломати, високи функционери и успешни млади професионалци, годинава беше дел од осмото издание на самитот Македонија 2025 кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата и технолошките иновации.

Богатата тридневна програма на самитот беше исполнета со работилници за развој на вештини, засебни тематски сесии и повеќе од 10 панел-дискусии, а главниот фокус на истата беа две главни теми и тоа „Иднината на работните места и вештините“ и „Иновации и нивното влијание врз намалувањето на загадувањето на животната средина” и токму на оваа тема Филип Морис ја претстави својата кампања „UNSMOKE your world“.

- Advertisement -

Покрај главните две теми, на самитот се дискутираше и за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање на малите и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ компании и други интересни дебати.

Сподели!
- Advertisement -