Предновогодишно дружење на вработените од Пивара Скопје со децата во СОС Детско Село

- Advertisement -

Во пресрет на новогодишните празници, волонтерите од Пивара Скопје и децата поддржани од СОС Детско село изработуваа новогодишни украси и честитки, на заедничко дружење кое помина во одлично расположение и атмосфера исполнета со многу топлина и радост. Oние честитки кои ќе бидат заеднички прогласени за најдобри ќе бидaт употребени како корпоративна новогодишна честитка на Пивара Скопје.

Заедно со волонтерите од Пивара Скопје и децата поддржани од СОС Детско село, во новогодишната работилница учествуваше и Наја Калогераки, директор за односи со купувачи и комерција на групацијата Coca-Cola HBC, која изјави: „Ова за мене беше прекрасно искуство кое ме исполни со многу позитивна енергија. Навистина се чувствувам привилегирано што можев да учествувам во оваа активност на волонтерите од Пивара Скопје и да се дружам со овие прекрасни деца“.

- Advertisement -

Националниот директор на СОС Детско Село Јулијана Гапо истакна дека ваквите дружења се одличен начин за почеток на предновогодишната празнична магија. „Среќни сме што ваквите посети и дружења со вработените од Пивара Скопје стануваат традиција. Ова дружење е дел од многубројните активности што во текот на целата година ги организира компанијата, а во кои се вклучени децата и младите поддржани од нашата организација. На таков начин, заедно со финансиската поддршка што ни ја доделува секоја година, Пивара Скопје и нејзините вработени покажуваат континуирана грижа, што ги прави наши вистински посветени партнери“, вели Гапо.

Ова предновогодишно дружење е петтата активност што ја организира Пивара Скопје оваа година, во која активно се вклучени и децата и младите поддржани од СОС Детско село. Покрај заедничките дружења што се организираат во текот на годината, младите поддржани од СОС Детско село се вклучени и во бесплатните обуки за млади од компаниската програма „Вештини за успех“, како и во годинешната еко-акција за чистење на кејот на реката Вардар што ја организираше Пивара Скопје, заедно со партнерите.

- Advertisement -

„Како компанија сме особено горди на нашето долгорочно партнерство со СОС Детско село. Тоа е составен дел од нашата континуирана поддршка за заедницата и на општествено одговорните активности и иницијативи во повеќе области, на чија реализација остануваме трајно посветени. Во рамки на ваквото делување, продолжуваме и со организација на волонтерски акции преку кои како поединци – вработени во Пивара Скопје, сакаме да дадеме личен печат и придонес за унапредување на квалитетот на животот на луѓето и на заедницата на која ѝ припаѓаме. Особено се радуваме на средбите и дружењето со децата во СОС Детско село со кои секогаш споделуваме многу убави и радосни моменти“, изјави Дан Тимотин, генерален директор на Пивара Скопје.

СОС Детско село е меѓународна организација посветена на заштита и примена на детските права, со посебен фокус на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со социјални ризици. Националната асоцијација на организацијата во земјава е основана во 2001 година, а во нејзини рамки функционираат низа програми и проекти кои целат кон унапредување на грижата и поддршка на децата и младите без родителска грижа и оние кои се во социјален ризик.

Сподели!
- Advertisement -