2 C
Skopje
понеделник, декември 9, 2019

На првиот демо ден на Сеавус Акцелератот 10 компании се натпреваруваа за инвестиција од 30.000 евра

Kabtel desktop

Во пријатна, но сепак натпреварувачка атмосфера во присуство на гости од бизнис и стартап заедницата, институции, инвеститори и бизнис ангели, во хотелот Hilton Double Tree, СЕАВУС АКЦЕЛЕРАТОР го одржа првиот Демо Ден на кој за инвестиција од 30.000 евра своја презентација одржаа 10 софтверски и технолошки ориентирани стартап компании.

ДЕМО ДЕН е официјална завршница на првиот дел од акцелераторската програма на СЕАВУС која се одвиваше во период од 2 месеци во кој период стартап компаниите работеа со 15тина ментори на области од значење за развојот на нивните идеи.

На настанот свое обраќање имаше г-ѓа Тања Илијевска од Фондот за иновации и технолошки развој,  а за важноста на овој проект за поширокиот стартап еко – систем и искуствата од првата акцелераторска програма говореше Менаџерката на СЕАВУС АКЦЕЛЕРАТОР Весна Иваноска.

За перспективноста, иновативноста и капацитетот на компаниите одлучуваа претставници на инвестицискиот и надзорниот одбор на СЕАВУС Групација. Компаниите Synapse Aviation, AppAdmin, Systems for Enterprise, DeathPixelArt и Muster collective добија зелено светло за отпочнување преговори за инвестиција од 30.000 евра.

СЕАВУС АКЦЕЛЕРАТОР е прв корпоративен Акселератор поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој и Светска Банка кој има за цел да создаде средина која го стимулира и го поттикнува развојот на новите бизниси во сите развојни фази и да обезбеди континуирана високо квалитетна акцелерација и инвестициска поддршка за стартапи од областа на технологијата преку систематизирање, интегрирање и подобрување на сите активности поврзани со инвестициите и акцелерацијата на ниво на СЕАВУС Групација.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •