Во Флорида се отвори првиот хотел во форма на гитара во светот

- Advertisement -

Во Холивуд, Флорида, минатиот месец се отвори новиот хотел на компанијата Hard Rock во форма на гитара, кој е првиот таков во светот. Хотелот вреди 1,5 милијарди долари, а на свеченоста по повод отворањето на хотелот се прошетаа многу звучни имиња како Џони Деп, Клои Кардашијан, Бела Торн. Свеченото отворање вклучуваше светлосно шоу, познатото кршење гитари на бина и црвен тепих сличен на тој во Холивуд. Поп-рок бендот Maroon 5 беше главниот музички изведувач.

Хотелот во форма на гитара е дел од поголем проект, проценет на 2,2 милијарди долари. Другиот имот се наоѓа во Тампа и беше отворен на 3 октомври. И двата хотели се успешни хотели со казина и ги содржат сите препознатливи елементи на брендот Hard Rock.

World's first guitar-shaped hotel

Hard Rock opens guitar-shaped hotel in Florida.

Posted by Myshify on Недела, 17 ноември 2019
Сподели!
- Advertisement -