Океаните во иднина ќе произведуваат шест пати повеќе храна отколку денес

- Advertisement -


Со примена на технолошки решенија и подобро управување океаните во иднина ќе можат да произведуваат до шест пати повеќе храна отколку денес, велат научници во извештајот со кој посебно се залагаат за одгледување на еден вид морски ракчиња.

Авторите на извештајот предвидуваат дека океаните би можее да обезбедат повеќе од две третини од потребната количина протеини од животинско потекло кои од Обединетите нации проценуваат дека ќе биде потребна за опстанок на човештвото во иднина.

- Advertisement -

Одгледувањето храна во океаните има многу помало влијание на климата отколку земјоделството, а притоа не подложи на некакви ограничувања на ресурсите како што се почвата и водата. Храната од океаните и морињата е високо хранлива, содржи битни витамини, минерали и масни киеслини.

„Океаните имаат голем неоткриен потенцијал да помогнат да се нахрани светот во идните децении и векови, а тоа може да се реализира така што отпечатокот кој го оставаме на околината да биде што е можно помал во споредба со други извори на храна. Ако спроведем брзо и долгорочни промени во начинот на кој управуваме со индустријата за експлоатација на морето и притоа ги зачуваме неговите екосистеми, можеме да сметаме дека ќе имаме сигурен извор на храна и егзистенција за милиони луѓе“ велат авторите на извештајот.

- Advertisement -

Научниците повикуваат на понатамошни истражувања на потенцијалот на храната од морињата и океаните. Постојат и студии кои докажале дека некои морски алги ја намалуваат емисијата на метан. Метанот е еден од гасовите кои создаваат ефект на стаклена градина и се одговорни за глобалното затоплување.

Сподели!
- Advertisement -