Возењето електрични скутери во Њујорк и во Лондон е илегално

- Advertisement -

Ако патувате во Лондон или во Њујорк, треба да знаете едни од нивните нови закони. Имено, иако по улиците на двата града ќе видите десетици луѓе кои возат електрични скутери, возењето вакви скутери е противзаконско и во Лондон и во Њујорк. И покрај популарноста на овие превозни средства, тие се уште се илегални.

Во Лондон електричните скутери се илегални поради британските национални закони, од кои некои потекнуваат од викторијанска ера. Во Њујорк, пак, постојат назнаки дека скутерите можеби би се легализирале на државно ниво, но гувернерот на Њујорк уште не сака да го потпише законот со кој возењето електрични скутери ќе стане легално.

- Advertisement -

Значи, ситуацијата во Лондон и во Њујорк е чудна. Електричните скутери можете лесно да ги купите и да ги користите, но секој полицаец има право да ве застане и да ви забрани да возите. И покрај тоа, луѓето во двата града купуваат електрични скутери затоа што се релативно евтини, лесно се возат и се одлични за сообраќајниот метеж кој го има во овие метрополи. Она што е побитно е и дека се еколошки поприфатливи од автомобилите.

Сподели!
- Advertisement -