0.3 C
Skopje
понеделник, декември 16, 2019

На Јадранот му се закануваат големи количини пластика кои ќе го загрозат здравјето на луѓето

Kabtel desktop

На Јадранот му се закануваат се поголеми количини пластичен отпад и микропластика, системот за менаџирање со тој отпад е полн со недостатоци, а разните полимери во комбинација со адитиви и токсини се закана по здравјето на луѓето и на околината, заклучија учесниците на тркалезната маса која ја одржа Хрватската акдемија на науки и уметности.

Научниците и експертите се собраа на тркалезната маза „Ранливоста на Јадранското Море и крајбрежјето под дејството на полимерите“ за да предупредат на ширењето на проблемот и можните решенија. Таму беше истакнато дека отпадната пластика во Јадранското Море ја носат реките и морските струи, се фрла од туристичките бротчиња, комерцијалните бродови и крузерите, а ја носи и ветрот од дивите депонии и превртените контејнери.

Беа изнесени и можни решенија за подобро менаџирање со тој вид на отпад и беше истакнато дека лошиот систем за управување со отпадот кој не познава граници во земјите кои излегуваат на Јадранското Море создава немерливи проблеми со нечистењето и го прави морето уште поранливо. Учесниците на тркалезната маса предупредија на нечистењето на морето и крајбрежјето и известија за активностите кои се преземаат во Хрватска за да се поправи ситуацијата.

Беше истакнато дека полимерните материјали ги истиснаа другите материјали и станаа сеприсутни во сите гранки на стопанството и во секојдневниот живот, а оценката на учесниците е дека системот за правовремено спречување на настанувањето на таков вид отпад и одржливото менаџирање не се добро организирани.

Европската унија, соочена со проблемот со се поголемите количини незгрижена отпадна пластика, настојува со законодавните рамки да им помогне на земјите во решавањето на овој проблем. Предупредија на влијанието на микропластиката на јадранската околина каде што поради разната густина на одредени видови полимери честичките микропластика се распоредуваат во слоеви од површината се до нивните најголеми акумулации во седиментите на дното. Заклучено беше дека треба да се направат понатамоѓни истражувања за влијанието на полимерите, адитивите и апсорбираните токсини на организмите во јадранските води, вклучувајќи ги планктоните и нектоните, а посебно влијанието на организмите кои живеат во близина или на самото морско дно.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •