Богата програма на Денови на Канада и назначување на нов почесен конзул за Македонија

- Advertisement -

Во рамки на дводневните активности на Амбасадата на Канада акредитирана во Северна Македонија по повод Денови на Канада во Скопје кои се случуваа вчера и денес 27 и 28 Ноември 2019 година, се одржаа низа активности во соработка со Канадскиот Музички Центар – Полифонинија, Македонската Филхармонија, Филолошкиот факултет „Блаже Конески “, Аналитика Тинк-Тенк, Младихаб и Центар за Едукативни Совети Скопје.

Амбасадорката на Канада – Кати Ксаба, на овој настан ја истакна соработката помеѓу двете земји, како на политичко така и на економско ниво, нагласувајќи ја и улогата на дијаспората во културната размена.

- Advertisement -

Како дел од свеченоста, официјално се назначи и новиот почесен конзул на Канада во Македонија – Анета Антова Пешева. Нејзините долгогодишни успеси во економијата, ИКТ секторот, филантропските акции, општествено корисните залагања за надминувањето на половиот јаз, како и грижата за социјално и здраствено маргинизраните групи, беа препознаени од меѓународната дипломатска заедница на Канада и реализирани во понуда на титулата Почесен Конзул на Канада.

Оваа улога, доделена на  жена, претставник на бизнис заедницата е во линија на глобалните каузи за еднаквост, инклузивност и еднаквост и почитување на човековите права.

- Advertisement -

Програмата на Денови на Канада во Скопје ги опфаќа следниве активности:

• 27 Ноември Канадскиот Гудачки Квартет Молинари – концерт во салата на Македонската филхармонија.

- Advertisement -

• 28 Ноември Н.Е. Кати Чаба, Амбасадорката на Канада ќе одржи предавање на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на тема „ Канада и Општеството “. Предавањето ќе се одржи на англиски и француски јазик, за да се истакне двојазичноста на Канада.

• Во четврток во 12:00 часот во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Н.Е. Кати Чаба и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, ќе ја отворат работилницата „Зајакнување на родова еднаквост во средните стручни училишта, преку едукација на младите девојки при изборот на идна професија“, дизајнирана и организирана од Аналитика Тинк-Тенк и поддржана од Канадскиот Фонд за локални иницијативи.

• Информативна сесија на тема „Студирање во Канада – можности за стипендии и Кооперативно-образовни студии “  ќе се одржи во четврток, 28 ноември во 18:00 часот, во просториите на Младихаб (адреса: Димитрие Чуповски, 7, Скопје).

Сподели!
- Advertisement -