Ако ви се чини дека никогаш нема да ги натерате децата да ги напишат домашните задачи, да ги завршат своите обврски или конечно да го остават телефонот и да поигаат надвор, немојте премногу да се нервирате и да се грижите. Имено, истражувањата покажуваат дека исклучително тврдоглавите деца често израснуваат во многу успешни возрасни личности.
Резултатите објавени во списанието Developmental Psychology следат повеќе од 700 деца на возраст од околу 9 па се до 40 години и нивното чувство за правда и право, внимателноста кон наставниците, пркосот кон родителите и склоноста кон кршење на правилата.
Кој на крајот имал највисока плата? Децата кои ги игнорирале правилата и нивните родители. Значи, ако вашето дете секогаш бара поголемо парче колач, веројатно кога ќе порасне лесно ќе бара поголем бонус.
Мора да нагласиме дека оваа студија е далеку од конечна. Имено, таа не ги зема предвид патиштата на полето на кариерата и другите одлуки кои ги донеле децата, а може да влијаат на нивната заработка. Сепак, карактеристиките на личноста се подобри прогнозери на успехот отколку традиционалните метрики како што е IQ.