Луѓето што преминуваат по овој иновативен пешачки премин изгледаат како да лебдат во воздух, но станува збор само за оптичка илузија креирана од волонтерска група со цел да ги направи патиштата побезбедни за пешаците. Кога преминот ќе се гледа одблиску се губи трикот на перспективата, но за секој возач кој се приближува до пешачкиот премин глетката на луѓе кои лебдат додека газат од една бела плоча на друга сигурно ќе им го привлече вниманието.
Преминот е поставен пред глевниот влез во училиштето Ват Буенг Тонг на периферијата на Бангкок, а го направија ученици и волонтери со средства од банката Government Savings Bank. Во текот на изминатитер неколку месеци тие насликаа шест вакви премини пред училишта и храмови, каде што секогаш има сообраќај.
Според статистиката од изминатите четири години, во Тајланд имало 10.672 несреќи во кои биле вклучени пешаци, а над 900 од печаците се мртви. Според друго истражувње, луѓето велат дека не се чувствуваат безбедни кога преминуваат улица дури и кога има пешачки премин.