ИТ компанија од Загреб направи паметна брава!

- Advertisement -


ИТ компанијата Aduro од Загреб го претстави новото идејно деловно решение наменето за малите изнајмувачи и приватните корисници. Станува збор за паметна брава наречена NCF SmartLock. Со дигитализација се овозможува отворање на вратата со паметен телефон или со код за отклучување, со што изнајмувачите добиваат алатка која на гостите им овозможува отворање на вратата со испраќање на дигитален клуч. Тој клуч се дава на одредено време, а по истекување на тоа време се укинува можноста за отворање на вратата.

На чело на Aduro е директорот Ненад Раца, кој воедно е и сопственик. Како што вели тој, NCF SmartLock вреди околу 270.000 евра, од кои околу 121.000 евра се кофинансирани во рамките на проектот Комерцијализација на иновации во претприемништвото во склоп на програмата Конкурентност и кохезија 2014.-2020 со средства на Европскиот инвестициски фонд.

- Advertisement -

Реализацијата на проектот започнала во 2018 година, а сега имаат хрватски производ кој може да се постави на секој цилиндар. NFC SmartLock е осмислен и целосно конструиран од страна на хрватски инженери. Освен софтверскиот дел, развиле и електронски и механички решенија во соработка со хрватски дистрибутер на глобални брендови на брави.

Засега паметната функција се однесува само на отклучување и заклучување со мобилен телефон, но наскоро доаѓаат и разни надградби – од паметно ѕвонче до отворање со препознавање на лице. Од компанијата објаснуваат дека за поставување на бравата се потребни 2-3 минути. Најавуваат и дека во февруари излегуваат на пазар.

- Advertisement -

Компанијата Aduro развива софтверски решенија и за странски клиенти од Естонија, Латвија, Литванија, Нов Зеланд, САД и Данска. Моментално имаат вработено околу 20 луѓе.

Сподели!
- Advertisement -