Израелскиот амбасадор Дан Оријан е најголем промотор на соработката меѓу Израел и Македонија на полето на иновациите и технолошкиот развој!

- Advertisement -

Едно студено јануарско попладне на телефон ми се јави амбасадорот на Израел. Најпрвин мислев дека е шега кога ме покани да учествувам на најголемата конференција за сајбер безбедност во Тел Авив. Вели: „Успеав да издејствувам место за македонски новинар, сметам дека Иновативност треба да биде таму!“. Таму дознав дека амбасадорот Оријан навистина направил голем напор и Македонија да биде дел од големата делегација со новинари од целиот свет. При таа посета не успеав да го сретнам и запознаам затоа што неговата агенда врзана со балканските земји е навистина набиена.

Набргу, веќе во март годинава високо на агендата на релациите Израел-Македонија повторно се најдоа иновациите и технолошкиот развој. Како дел од Делегацијата составена од претставници од Стартап Македонија, Сивус акцелератор, УКИМ акцелератор, Македонска Берза, CEED hub, технолошкиот парк на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Mинистерството за економија, Фондот за иновации и технолошки развој и компании со поддршка од Проектот за развој на деловниот еко-систем, Иновативност имаше уникатна прилика детално да се запознае со стартап нацијата- Израел. Но, и со амбасадорот Оријан.

- Advertisement -

Секое утро точно до минутка не земаше од хотел, неуморно цел ден не носеше од едно до друго место запознавајќи не со менаџери на акцелератори, универзитеттски професори, иноватори од светски ранг, студенти, стартап компании, раководители на разно-разни иновациски и претпримнишки центри…. Ако набиената агенда тогаш ни правеше главоболка, денес дефинитивно ни е непроценливо искуство и знаење на кое постојано се навраќаме во работата. Се сеќавам на еден момент од кој сите во нашата таканаречена #innovationdelegationmk бевме запрепастени. Имено, кога заврши целодневната посета на градот Бершива каде се наоѓа Универзитетот Бен Гурион, еден од лидерите во Израел за трансфер на технологии, сите се качивме во автобус кој требаше да не однесе во Тел Авив. На излезот од градот автобусот застана. Амбасадорот Оријан се поздрави со нас и остана на автобуска постројка за да чека автобус кој ќе го однесе во неговото место на живеење!

Само да потсетам дека додека нашата делагација беше во Израел, имаше уште една од македонски универзитет, која исто така беше организирана до детали од амбасадорот Оријан. Претпоставувам дека ни самиот амбасадор не ја знае точната бројка на луѓе кои ги однел да се запознаат со Израел. Во текот на годината имаше уште една новинарска делегација.

- Advertisement -

Неговата екселенција Дан Оријан е нерезидентен амбасадор на Израел во нашата земја. Човек од акција, активен гимнастичар, човек со спортски и позитивен дух и најважно од се дипломат насочен кон остварување резултати! Кога доаѓа во Македонија, реализира бројни активности: хакатони од кој најпознат е оној за гробиштата во Битола, изложби со фотографии, активности за подигање на свесноста за поголема инклузија на лицата со попреченост во спортски активности, средби со официјални претставници како и со голем број од учесниците во делегациите кои го чувствуваат како личен пријател.

Деновиве напорите на амбасадорот Оријан се концентрирани на донесување на дел од израелските иновации во областа на здравството во Македонија и тоа не само како пазар, туку и како локација за производство. За ова наскоро ќе прочитате на Иновативност. Ако се земе предвид колку големи и важни иновации има Израел, ова е многу важна вест.

- Advertisement -

Јас навистина досега не сум видела толку многу посветен човек на поврзување во сите можни области помеѓу две земји. Многумина добро ја препознаа енергијата и посветеноста на амбасадорот и истата ја искористија за развој. Иновациите, науката и техологијата се едни од тие области. Како резултат на пролетната посета на Израел кај колегите се чувствува голема раздвиженост и имплементација на идеи кои се родија токму во Израел. Никој од нас нема дилема дека кохезијата која се создаде помеѓу субјектите од овој екосистем по посетата на Израел во голема мерка се должи на позитивната енергија и духот на соработка кој го шири амбасадорот Дан Оријан. Тој е човек кого можете во „сред ноќ“ да го контактирате и тој веднаш ќе одговори.

Некои работи едноставно треба да се ценат!

Сподели!
- Advertisement -