Во холот на луксузниот хотел Kempinski во Марбејли беше претставена најскапата божиќна елка во светот, чија вредност се проценува на 13,95 милиони евра. Изложена е во холот на хотелот за да го означи почетокот на празничната сезона, а толкава вредност достигнува поради исклучително скапите украси. Хотелот проценува дека дрвото сосе украсите вреди 22,5 милиони долари.
Сите украси лично ги креирала и ги исцртала британската дизајнерка за познати личности, која воедно е и уметник и експерт за дијаманти – Деби Вингам, а најголем дел од декорациите за елката ги украсила со скапоцени камења. На елката се наоѓаат и некои од најскапите уметнички дела во светот.
Деби сама направила дури 500 украси, а повикала и уште неколкумина уметници да и се придружат и да го дадат својот придонес за најскапата елка во светот воедно да биде и најубава. На украсите се наоѓаат вредни црвени, бели и црни дијаманти, четирикаратни сафири и рециклиран накит од најпознатие брендови како Buvlgari, Cartier, Chanel итн., како и класични декорации и традиционални десерти без кои не може да поминат празниците.
Деби Вингам ја запознавме кога пред две години ги направи најскапите чевли во светот, кои чинеа повеќе од 15 милиони долари.