Британска компанија им дава 130.000 долари на сите кои ќе го „позајмат“ своето лице на роботи

- Advertisement -

Британската компанија Geomiq откри дека можеби ќе соработува со засега непозната компанија која прави роботи на проект кој бара мажите и жените да го „подарат“ своето лице на роботи во замена за повеќе од 100.000 долари.

Како би се чувствувале кога во гужвата на улица ќе видите некој кој изгледа исто како вас? Дизајнерите од оваа компанија велат дека нудат 130.000 долари за правата за користење на вашето лице. Сите коишто сакаат да учествуваат може да им пишат на нивната имејл адреса: faces@geomiq.com.

- Advertisement -

Иако компанијата која дошла на оваа идеја се уште не сака да го открие своето име, најавуваат дека повеќе информации наскоро ќе и бидат достапни на јавноста. Според Geomiq, на овој проект се работи веќе пет години, а добил и голема финансиска поддршка од инвеститори. Додаваат и дека посебен тим ќе ги избере луѓето кои ќе влезат во потесниот избор, потоа ќе ги контактира и ќе им објасни за каков проект станува збор.

Сподели!
- Advertisement -