Новиот телефон на преклоп на Samsung ќе биде многу поевтин од Galaxy Fold

- Advertisement -

Компанијата Samsung веќе работи на новиот телефон на преклоп, кој ќе биде претставен во февруари, а ќе биде многу поевтин од моделот Fold. Извори блиски до Samsung изјавија дека смартфонот ќе има шара слична на неодамна претставениот Motorola Razr, а цената ќе му биде 845 долари. Тоа е многу поповолно отколку претходниот модел Fold, кој чини 1.980 долари.

Новиот смартфон ќе се појави на почетокот на идната година, заедно со флегшип телефонот Galaxy S11, кој ќе чини околу 1.000 долари. Се шпекулира дека ќе има екран од 6,7 инчи и убав дизајн. Samsung, наводно, работи и на уште еден смартфон на преклоп, кој ќе биде наследник на Fold.

Сподели!
- Advertisement -