Подравка ќе произведува чоколада наречена по хрватската претседателка Колинда – „Чоколинда“

- Advertisement -

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, откри дека на менаџерите на компанијата Podravka им ја дала својата согласност за да направат производ кој ќе се вика „Чоколинда“.

На колегите од Подравка им реков дека им ја давам мојата согласност, се одрекувам од какви било надомести. Им реков да измислат нов производ кој ќе се вика така. Уверена сум дека сигурно ќе се продава добро, не само во регионот на Југоисточна Европа, туку и во други земји. Нека ни расте државата, а мене нека ми се смеат колку сакаат. Секако, ме загрижуваат само трендовите на погрден јазик, на јазик на омраза, но мене не може ништо да ме поколеба„ изјави Колинда.

- Advertisement -

Инаку, кованицата „Чоколинда“ настана откако во 2016 година претседателката им подели новогодишни подароци на деца во Дубровник и во пакетчињата се најдоа и чоколади на српската компанија Pionir. Претседателката Колинда тогаш се извини во јавност, но сепак имаше лавина од негативни коментари, а мини аферата со чоколадите беше наречена „Чоколинда“ и ја пренесоа и странските медиуми.

Сподели!
- Advertisement -