Нов голем светски успех на Микросам во авионската индустрија

- Advertisement -

Микросам од Прилеп денoвиве објави дека ќе ја снабдува британската компанија GKN Fokker од Редич, Велика Британија, со напредна опрема за развој на делови за авиони направени од термопластични композити. Дел од опремата ќе биде и најновата машина на Микросам за автоматско полагање на влакна или AFP, опрема за слитирање на препрег и машина за термопластична консолидација. Од Микросам велат дека кога ќе биде инсталирана, опремата ќе ги зголеми капацитетите на GKN Fokker за напредно производство и истражување и развој на сложени 3Д делови за индустријата за авиони.

Од Микросам велат дека нивните AFP решенија за термопластични композити се исплатливи и докажано функционални со многу напредни опции за максимално производство. Дизајнирана како интегрирана, модуларна AFP ќелија, која може да се надградува, роботскaта AFP машина со 8 оски е способна за автоматизирано и прецизно полагање на термопластични влакна.

- Advertisement -

Освен AFP системот, GKN Fokker ќе добие опрема за сечење широки и тенки ленти од преимпрегнирани композитни влакна и нивно намотување за подготовка на калеми. Според Микросам, машината за слитирање и намотување може да направи различни калеми со различна големина – од лента од 30 см до лента од околу 6 мм. Освен тоа, Микросам на британската компанија ќе и достави и преса за производство на напредни производи од композитни материјали. Целосната автоматизација на AFP машината е овозможена со MikroPlace, CATIA компатибилно решение за анализа и симулација на композитни делови, како и со QCS (Quality Control System), кој нуди постојано подобрување преку мониторинг на податоците.

Денес пазарот бара подобра автоматизација на производството на термопластика и поголемо користење на AFP машини. Нашите модуларни AFP системи на корисниците им овозможуваат поголем поврат на инвестициите со можност за користење на повеќе AFP или ATL глави на истата конфигурација. Корисниците може да го намалат времето потребно за изработка на делови и да ја зголемат употребата на AFP ќелијата. Кога тоа ќе се комбинира со нашата софистицирана контрола на консолидацијата на термопластичните композити на самото место, нашите AFP машини се одлични решенија за многу индустрии“, вели Димитар Богданоски, менаџер на продажба во Микросам ДОО.

Сподели!
- Advertisement -