Финска формираше влада предводенa од најмладата премиерка во светот

- Advertisement -

Финската коалициска влада ќе биде составена од пет партии сите предводени од жени по прв пат откако министерката за транспорт беше избрана за иден лидер. Сана Марин беше избрана од Социјалдемократската партија да го замени досегашниот министер Анти Рине. Таа ќе ја предводи централно-левичарската коалиција составена само од жени лидери, од кои четири се помлади од 35 години.

Марин, која има 34 години, ќе стане најмладата премиерка и третата жена лидер во земјата. Поранешниот премиер Александар Стуб, и покрај тоа што неговата партија не влезе во новата влада, ја поздрави оваа коалиција и изјави дека таа е доказ дека Финска е модерна и прогресивна земја.

- Advertisement -

Марин е пратеничка уште од 2015 година и претходно била заменик претседател на партијата. Катри Кулмуни, Мариа Охисало, Ли Андерсон и Ана-Маја Хенриксон се другите лидери на коалициските партии.

Моментално Марин ја врши функцијата министер за транспорт и комуникации во Финска и е лидер на Финската социјалдемократска партија. Таа ја добила првата политичка функција на само 27 години – била шеф на Градското собрание во Тампереу, Финска.

- Advertisement -

Марин е најмладата премиерка во светот, но треба да напоменеме дека постојат уште неколку премиери во светот кои се на функција, а се приближно на нејзина возраст. Тука се украинскиот премиер Олексеј Хончурак (35) и новозеландската премиерка Џасинда Арден (39).

Сподели!
- Advertisement -