Калемегдан на листата со најзагрозени културни наследства во Европа

- Advertisement -

Белградската тврдина е меѓу 14 загрозени локалитети на културно наследство во Европа, а спроведувањето на штетни проекти како изградбата на жичарница драстично би го загрозило интегритетот и автентичноста на тој локалитет кој не е симбол само на Белград, туку е споменик од исклучително значење за Србија.

Избраните 14 локалитети на културно наследство ќе бидат во потесен избор за програмата „Седум најзагрозени“ за 2020 година, кој го спроведува Evropa Nostra и Институтот на Европската инвестициска банка.

- Advertisement -

Тие најзагрозени споменици се избрани врз основа на нивното историско значење и културните вредности, како и ургентноста на нивната загрозеност. Evropa Nostra повеќе од 50 години се бори за зачувување на културното наследство во Европа, пред се преку програмата „Седум најзагрозени“, а делегација од експерти на таа организација престојувала во Белград во мај годинава за го анализира проектот за изградба на жичарницата и опасноста на проектот по белградската тврдина. Институтот на Европската инвестициска банка им дава поддршка на социјалните, културните и академските иницијативи ширум Европа.

Сподели!
- Advertisement -