Продадена најскапата куќа во светот

- Advertisement -

Најскапата куќа во светот годинава беше продадена во Хонгконг. Новатља куќа во Хонгконг беше продадена за 870 хонгконшки милиони долари, што е околу 111 милиони американски долари и е највисока цена платена за некоја куќа годинава.

Компаниите Emperor International Holdings Ltd, CC Land Holdings Ltd, Mingfa Group International Co. и CSI Properties Ltd. ја продадоа куќата со шест спални соби по пат на лицитација одржана вчера, се вели во соопштението од компаниите. Ова е најскапата куќа продадена во 2022 година досега.

- Advertisement -

Не е познат кој е купувачот. Куќата се протега на површина од 746 квадратни метри и има приватна градина, базен и паркинг. Се наоѓа во Шусон Хил, еден од најексклузивните квартови во градот.

Продажбата на луксузни куќи во отмените квартови во Хонгконг падна за речиси 60% во првата половина од годинава во однос на 2021 година. Мерките воведени во текот на епидемијата и недостигот на капитал го попречија пазарот, велат експертите.

- Advertisement -

Во меѓувреме, глобалната побарувачка за луксузни недвижности останува висока дури и кога растечките каматни стапки ги оптеретуваат пазарите за недвижности.

Претходно овој месец милијардерот Лери Елисон купи комплекс покрај океанот во Палм Бич на Флорида за 173 милиони долари, со пто постави рекорд за најскапа продадена недвижност на Флорида, пишува Blооmberg.

- Advertisement -

(Bloomberg)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -