Нафтената компанија Aramсo од Саудиска Арабија денес по прв пат излезе на берза и почна тргување со нејзините акции на саудиската берза Сауди Тадавул и достигна рекорд со вредноста на своите акции. Aramсо во првите моменти од излегувањето на брза ја зголеми својата вредност за 10% и ги надмина тешко замисливите 1.880 милијарди долари вредност и стана највредна компанија во светот.
Нафтениот гигант во државна сопственост започна со тргување на своите акции на берзата Тадавул со почена јавна понуда од 25,6 милијард долари, што е рекорд на светско ниво. Компанијата најави продажба на 1,5% од своите акции за 32 саудиски риали по акција, односно 8,53 долари по акција. Вредноста на акциите на Aramco уште веднаш се покачи на 9,39 долари по акција.
Aramсo продава 0,5% од своите акции на поединечни инвеститори, од кои најголем дел се државјани на Саудиска Арабија и 1,0% на институционални инвеститори, од кои најголем дел се Саудијци или имаат седиште во Заливот. Компанијата има ексклузивни права на производство и продажба на енергетски резерви од саудиското кралство. Основана е во 1993 година со американски Standard Oil, а Саудиска Арабија станала целосен сопственик во 1980 година.
Саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салмад, планира собраните пари од продажбата на акции да ги употреби за диверзификација на економијата на својата земја и да ја намали нејзината зависност од нафтената индустрија, како и за финансирање јавни проекти со кои ќе се создадат милиони работни места за младите луѓе.