Астронаутите на Меѓународната вселенска станица во 2020 година ќе одгледуваат марихуана

- Advertisement -

Изминатите месеци пишувавме за различни работи кои ќе се тестирата на Меѓународната вселенска станица – од вино и месо до печење колачи. Но, можеби најиинтересната зада допрва ги очекува. Имено, на почетокот на 2020 година на станицата ќе им биде испратена марихуана,односно канабис.

Пред да помислите дека на астронаутите ќе им биде многу позабавно со марихуаната, станува збор за индиски канабис кој се користи во медицински цели и има многу малку THC.

- Advertisement -

Астронаутите ќе го чуваат канабисот во станицата еден месец, а потоа ќе го вратат на Земјата за да се види влијанието на микрогравитацијата врз развојот и растот на билката. Освен марихуана, астронаутите ќе одгледуваат и кафе.

Компанијата Front Range Biosciences, која стои зад експериментот, истражувакако влијаат условите во вселената врз развојот на растенијата, појавата на евентуални мутации и дали во вселената може да се одгледува билка која би била отпорна на климатските промени.

- Advertisement -

Ако експериментот се покаже успешен, Front Range Biosciences планираат да го прошират. Така, астронаутите воедно би станале и вселенски земјоделци, кои би одгледувале билки и би испраќале примероци од билките и плодовите назад на Земјата за проучување.

Сподели!
- Advertisement -