За да привлече помлади вработени, британска компанија воведе „денови на мамурлак“

- Advertisement -

Декември и јануари се месеци на празнично расположение. Тоа е сезона на слави, прослави коха компаниите одбележуваат крај на една и почеток на нова година. Затоа, овие два месеци се поголеми шансите да испиете некоја чаша повеќе во текот на работната недела и загарантирано ќе зажалите наредното утро кога ќе ве пробуди алармот за на работа.

За среќа, постојат работодавци кои сето тоа го зеле предвид и одлучиле да им излезат во пресрет на вработените. Имено, британската компанија Audit Lab, која се занимава со дигитален маркетинг, одлучи да воведе пофлексибилен пристап во работата така што дозволи вработените да работат од дома ако се чувствуваат лошо. И тоа не само во текот на декември. Во оваа компанија цела година важи правилото за „денови на мамурлак“.

- Advertisement -

Директорката на Audit Lab, Клер Кромптон, вели дека ова несекојдневно правило важи веќе три години, од самото основање на компанијата, а целта било да се привлечат помлади вработени.

Освен денови на мамурлак, компанијата има и општа политика за флексибилна работа. Audit Lab има и работно време од 10.00 до 16.00 часот, што е особено корисно за вработените кои имаат мали деца.

- Advertisement -

„Промовираме добра рамнотежа меѓу приватниот живот и работата. Тоа е битно поради се пожестоката дискусија за менталното здравје и притисоците на работното место“ вели Кромптон.

Како што вели таа, не е потребно секој ден да гледате некого за да знаете дека работи. Ако резултатите се добри, не е битно што еден ден поспани ќе работите од дома, додава Кромптон.

Сподели!
- Advertisement -