26 C
Skopje
вторник, август 11, 2020

Кенија ја изгради најголемата фарма на ветар во Африка

UAKS desktop

Кенија ја изгради најголемата фарма на ветар во Африка. 365-те огромни турбини ќе го зголеми производството на електрична енергија во земјата за 13%. Кенија веќе е една од водечките земји во Африка според обновливата енергија. 70% од електричната енергија во Африка доаѓа од зелени извори како што се хидроенергија и геотермална енергија. Тоа е трипати повеќе од глобалниот просек. Освен тоа, земјата си зададе цел до 2020 година 100% од енергијата што ја троши да доаѓа од обновливи извори.

Низ цела Африка никнуваат се повеќе проекти за обновлива енергија поради се поголемата побарувачка за енергија како последица на растот на популацијата и се повеќе домаќинства се поврзуваат на електрична мрежа. Моментално еден од двајца луѓе во Супсахарска Африка нема пристап до електрична енергија. Токму затоа обновливата енергија најчесто е најевтиниот извор на енергија во руралните предели, а Африка е богата со ресурси како сончева енергија, хидроенергија и енергија од ветер.

Република Конго планира да го реализира најголемиот проект за хидроенергија во светот, а Тунис ја гради најголемата соларна фарма во светот, која ќе напојува со електрична енергија 2 милиони домови во Европа.

Kenya has built Africa's largest windfarm

365 turbines on the shore of Lake Turkana.📕 Read more: https://wef.ch/32SX3XA

Posted by World Economic Forum on Вторник, 12 ноември 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •