А1 Македонија, домаќин на најголемиот гејминг настан за оваа година

- Advertisement -

А1 Македонија со гордост го најавува A1 Game Fest 2019, најголемиот гејминг настан за оваа година што ќе се одржува во наредните два дена, 14 и 15 декември, овојпат во просторот на киното Cineplexx во Skopje City Mall. Влезот е бесплатен.
На оваа уникатна и најголема викенд забава за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутубери, кастери и сите кои уживаат во најважната – споредна работа на светот – игрите, натпреварувачите ќе ги одмерат силите во CS:GO, DOTA 2, Hearthstone, Cosplay, Fortnite, Tekken 7, Fifa20, Clash Royale. Наградниот фонд годинава е дури четирипати повисок од минатата година, во висина од околу 10.000 евра.

Оваа година нема да изостане ниту Cosplay натпреварот во маскирање , а сите пасионирани играчи на игрите од минатото ќе можат да го споделат своетo знаење во Ретро корнерот.

- Advertisement -

Како и минатата година, ќе се игра непречено на супер брз и стабилен интернет на А1, сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а стримани на LIVE фидот на Facebook страната на A1 и Twitch каналот на GG.MK.

Нема да изостанат награди и за посетителите на настанот кои ќе бидат дел од овој настан.

- Advertisement -

А1 Македонија е постојано во чекор со времето и актуелностите на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп културата, а гејминг заедницата во земјата незапирливо расте. A1 Game Fest е уште еден придонес на компанијата кон негување на оваа култура со идеја истата да ја поддржува и унапредува.

Сподели!
- Advertisement -