Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика денес ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе почна да важат од ноќеска на полноќ. Според новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на бензините и на дизелот остануваат исти.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 67 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава по 69 денари. И цената на дизелот до идниот понеделник ќе остане иста – 61,5 денари за литар.

- Advertisement -

Цената на екстралесното масло за домаќинство останува 50,5 денари за литар.

Сподели!
- Advertisement -