Отворени над 500 работни позиции: Во тек е најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот

- Advertisement -

Од 7 до 14 октомври посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување и испратете го своето CV на преку 500 отворени понуди за вработување.

Со еден клик на веб страната www.regionalensaemzavrabotuvanje.com посетете го најголемиот регионален онлајн саем за вработување на кој повеќе од 80 компании од Македонија и регионот бараат вработени на над 500 слободни позиции. Отворени се преку 100 работни места само во Македонија.

- Advertisement -

Компаниите бараат нови вработени во секторите ИТ, трговија и финансии, а секој што ќе го посети саемот освен што ќе може да аплицира на отворените работни позиции, ќе може и да разговара со својот потенцијален работодавач преку чет или видео повик.

Саемот трае 8 дена и е достапен 24 часа на ден преку сите десктоп и мобилни уреди. Се што ви треба е интернет!

- Advertisement -

Компании изложувачи на саемот се: А1 Македонија, Кроациа Осигурување, НЛБ Банка, Македонски Телеком, Магна Интернационал, Телеперформанс Скопје, Киел Македонија, Дата Мастерс, Aptiv, BREON, Маркарт, Костал, Алкалоид АД Скопје, Лакталис, ЕСИ, Loka, Vipper.com и SPAR Hrvatska.

Саемот до денес го посетија преку 40.000 посетители од Македонија, а истиот е отворен до среда (14. октомври) па затоа побрзајте и посетете го саемот на www.regionalensaemzavrabotuvanje.com – можеби вашето ново работно место се крие таму!

Сподели!
- Advertisement -