Анкета: Сивата економија и правната несигурност најголем проблем за бизнисите

- Advertisement -

Во однос на инспекциите, годинашното истражување покажа дека фреквенцијата на инспектори е намалена и оти е зголемен бројот на опомени пред казни. Сепак, компаниите најмногу се жалат на инсистирањето на инспекторите да најдат некаква нерегуларност, објави МИА,

Бизнис климата годинава е речиси непроменета. Сивата економија и правната несигурност сѐ уште се едни од најголемите проблеми со кои се соочува бизнис секторот, е оценката на компаниите дадена во рамки на истражувањето спроведено од проектот на УСАИД партнерство за подобра бизнис клима и стопанските комори во земјава.

- Advertisement -

Во анкетата со која беа опфатени 596 компании од четирите најголеми стопански комори, само 13 проценти се изјасниле дека има подобрување на бизнис климата, 38 проценти дека условите за водење бизнис е полоша, а 36 проценти од компаниите дека нема промени.

– Резултатите од анкетата за 2019 и од претходните години покажуваат дека и натаму треба да се работи на подобрување на регулативата за даноците, инспекцискиот надзор, јавните набавки, работните односи и борбата со сивата економија – истакна Дрилон Исени, извршен директор на СКСЗМ и претседавач на Платформата за јавно приватен дијалог.

- Advertisement -

Во однос на инспекциите, годинашното истражување покажа дека фреквенцијата на инспектори е намалена и оти е зголемен бројот на опомени пред казни. Сепак, компаниите најмногу се жалат на инсистирањето на инспекторите да најдат некаква нерегуларност.

Компаниите имаат и проблем со недостиг на информации, непрофесионално поведение на инспекторите и нивна недоволна подготвеност, а корупцијата бележи најголем раст, се вели меѓу другото во извештајот. Значително подобрување има во делот на вклученост на стопанските комори во процесот на креирање на легислативата. Така дури 81 процент од компаниите сметаат дека стопанските комори се вклучени во донесувањето на законите споредено со 2016 година кога 45 проценти од фирмите го делеле ова мислење.

- Advertisement -

Анкетата е спроведена од 24 октомври до 19 ноември.

Сподели!
- Advertisement -