Мегапиварницата AB InBev претстави гравирани пивски шишиња

- Advertisement -

Најголемата пиварница во светот AB InBev ќе ги замени хартиените етикети на пивските шишиња со гравиран назив на производот и на тој начин сака да придонесе кон намалување на загадувањето.

Технологијата овозможува директно принтање врз избраниот предмет. Првите такви шишиња ќе бидат направени во фабрика во Брисел. При гравирањето фабриката користи само лак и мастило.

- Advertisement -

За почеток, планирано е производство на околу 200.000 такви шишиња за брендот пиво Beck’s. Лимитираната серија е наменета за британскиот пазар.

За да го осмисли овој проект на пиварницата ѝ помогнале Глобалниот центар за иновации и технологија (GITEC) и шест различни уметници. Доколку продажбата на шишињата е успешна на британскиот пазар, истата ќе се прошири на глобално ниво.

- Advertisement -

(instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -