Кина направи воз кој вози во виртуелни шини

- Advertisement -

Футуристички воз кој вози на виртуелни шини почна да вози во Сишуан, Кина. Бизарниот концепт на локомотива која користи низа од сензори наместо традицинални пруги за првпат беше претставен пред две години, но почна да вози пред неколку дена.

Возот ART T1 ги следи димензиите на патот и си создава сопствена патека наместо да вози по фиксни шини. Ширината на невидливата пруга е 3,75 метри. Виртуелната железница се протега на должина од околу 18 км низ центарот на градот, а изградбата на возот чини околу 160 милиони евра.

- Advertisement -

За почеток во локомотивата на возот ќе седи човек, но нема да го вози. Неговата улога ќе биде да алармира во случај на некаков проблем или итен случај. Ако возот излезе надвор од зацртаните линии или се најде пречка на патот, возот автоматски ќе се префрли на управување од човек.  

Навигацијата низ улиците е овозможена со комбинација од LIDAR и GPS, слично како автономните автомобили. Се очекува дека дневно возот ќе го користат до 10.000 патници, а кога ќе се поврзе на брзата железничка линија, тој број ќе се покачи на 25.000.

- Advertisement -

ART T1 ќе може да вози со максимална брзина од 70 км/ч. и да превезува по 300 патници одеднаш. Железничкиот систем ART или Autonomous Rail Rapid Transit го разви кинеската компанија CRRC Corporation Limited, која е еден од најголемите производители на возови во светот.

Сподели!
- Advertisement -