Кинотека одбележува 25 години од премиерата на „Пред дождот“ на Милчо Манчевски

- Advertisement -

Кинотека заедно со МАНУ и Вардар филм ќе ја одбележат 25-годишнината од премиерата на „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски, oбјави Радио МОФ.

Неговиот филмски првенец важи за најуспешниот игран филм во македонската кинематографија и најзначаен културен производ на државата. Одбележувањето ќе се одржи на 18 декември со два настани.

- Advertisement -

Во 12.00 часот, во свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите ќе има низа обраќања за естетиката на нарацијата и јазикот во филмскиот опус на Манчевски.

Во 20.00 часот во киносалата на Кинотеката, пак, ќе биде прикажана 35-милиметарска копија од „Пред дождот“, која Манчевски неодамна ја депонирал во филмскиот архив на Кинотеката, како и промоција на мапа со репродукции од плакати за филмот од светската дистрибуција на филмот.

- Advertisement -

Од Кинотека се надеваат дека по четврт век повторно ќе се собере дел од екипата на филмот и ќе разменат свои спомени и искуства од заедничкото учество во проектот Актерот Раде Шербеџија, кој го толкуваше главниот лик во филмот (Александар Кирков) веќе го потврдил своето присуство.

„Пред дождот“ премиерно беше прикажан на 6 септември 1994 година на Филмскиот фестивал во Венеција (La Biennale di Venezia), или популарната Мостра. На 12 септември Манчевски се закити со „Златниот лав“ и уште неколку награди, а потоа нанижа триесетина награди на светската фестивалска мапа. Филмот освои и номинација за Оскар во категоријата најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, станувајќи најнаградуван филм во историјата на македонската кинематографија. Сценариото е на Манчевски, кинематографер е Мануел Теран, монтажер Николас Гастер, а главните улоги ги толкуваат Раде Шербеџија, Грегоар Колан, Лабина Митевска, Кетрин Картлиџ, Јосиф Јосифовски, Кирил Ристоски…

- Advertisement -

„Њујорк тајмс“ го вклучи „Пред дождот“ (1994) во листата на 1000 најдобри филмови некогаш направени.

Сподели!
- Advertisement -