Се создава нов автомобилски гигант – се спојуваат Fiat и Peugeot

- Advertisement -

Француски Peugeot PSA и италијанско-американскиот Fiat-Chrysler потпишаа договор за спојување, со што ќе се формира четвртиот по големина производител на автомобили во светот. Новата компанија ќе има повеќе од 400.000 вработени, обрт од речиси 170 милијарди евра и годишна продажба од 8,7 милиони возила од марките Fiаt, Alfa Romeo, Chrysler, Сitroen, Dodge, DS, Jeep, Lancia, Maserati, Opel, Peugeot и Vauxhall.

Како што се наведува во соопштението, новата компанија со спојувањето ќе оствари заштеда од околу 3,7 милијарди евра без затворање на фабрики во рамките на трансакцијата. Спојувањето на двете компании треба да се заврши за 12 до 15 месеци.

- Advertisement -

Седиштето на новоформираната компанија ќе биде во Холандија, но ќе остане котирана на берзите во Париз, Милано и во Њујорк. Сегашниот претседател на FCA, Џон Елкан, ќе биде на чело на новиот управен одбор, додека Карлос Таварс ќе биде генерален директор на новата групација.

Со спојувањето ќе се оствари заштеда во однос на технологијата, производите и платформите од 40% од очекуваната вкупна заштеда од 3,7 милијарди евра. Како што додаваат, заштедата ќе и овозможи на новата групација да прави големи инвестиции во технологии и услуги кои се однесуваат на идната мобилност.

Сподели!
- Advertisement -